Лос Анџелес: Во близина на вилата Хари и Меган пронајдени остатоци од човечки скелет

од Stefanija Kuzmanovska
398 прегледи

Остатоци од човечки скелет се пронајдени покрај имотите на принцот Хари и Меган Маркл во Лос Анџелес, во населбата Монтесито. Работниците ги пронашле на само неколку метри од домот на кралскиот пар.

Се верува дека остатоците од скелетот му припаѓаат на Индиец, кој живеел во тој дел пред повеќе векови. Точната возраст ќе ја утврдат форензички антрополози. Не е познато кому му припаѓа имотот, но работниците веднаш престанале да работат и повикале полиција.

Извори за „Сан“ изјавија дека откритието е „голема драма за место како Монтесито“. Ракел Зик, портпарол на шерифот, рече дека откритието не е поврзано со младиот пар, но доколку се утврди дека станува збор за нови остатоци, ќе се започне истрага.

Слични содржини