Лош бизнис во Њујорк: Роналдо на продажба на стан изгуби над 11 милиони долари (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
224 прегледи

ТРИ години откако го стави на продажба, Кристијано Роналдо го продаде својот луксузен стан во облакодер на Петтата авенија во Њујорк за 11,3 милиони долари помалку отколку што плати во 2015 година.

Во 2015 година, напаѓачот на Манчестер Јунајтед издвои 18,5 милиони долари за стан од 762 м2, кој има девет спални соби, три бањи и спектакуларен поглед на Централ Парк. Тој го продаде во ноември минатата година по цена од 7,18 милиони долари, откако помина низ бројни потешкотии да се ослободи од него, пренесува Expansión.

Станот се наоѓа во познатата кула „Трамп“, а Роналдо го купил пред Доналд Трамп да стане претседател на САД. Поранешниот американски претседател беше во третата година од својот контроверзен мандат кога Роналдо го стави станот на продажба. Во тоа време, седум луксузни згради во Њујорк што сè уште го носат името на Трамп изгубија повеќе од 20 отсто од својата вредност.

Во април 2017 година, речиси 14.000 следбеници на фудбалерот потпишаа петиција преку платформата „Care2 Petitions“ барајќи од него да се исели од имотот. Роналдо го заврши купувањето во август 2015 година, два месеци откако Трамп ја објави својата кандидатура за претседател, кога пазарот на недвижности во Њујорк беше на својот врв. Во тоа време беше непредвидливо дека тој навистина ќе стигне до Белата куќа.

Нето вредноста на Роналдо се проценува на околу 440 милиони евра, а тој поседува два стана во Лисабон, вклучително и еден од 7 милиони евра и гради нова вила на огромна парцела во Квинта да Мариња, во таканаречената португалска ривиера.

На неговиот роден остров Мадеира, тој има станбена зграда од седум ката со поглед на Атлантскиот Океан, а во неа се сместени неговата мајка Долорес и постариот брат Хуго со неговото семејство.