Лоши вести од Индонезија: Загинал целиот екипаж на исчезнатата подморница

од Nikola Popovski
308 прегледи

Началникот на Генералштабот на Индонезија, Хади Џахџарто соопшти е присуството на масло од перископ, како и делови во близина на местото каде последен била забележаната морнарицата кај Бали, е јасен доказ дека потонала „КРИ Нангала 402“.

Адмиралот на индонезиската морнарица Џудо Маргоно соопшти дека исчезната подморница е пронајдена во водите крај островот Бали.

Подморницата исчезна за време на вежбите на 21 април, а во неа имаше 53 лица.

Таа била направена да оди на длабочина од 500 метри, а наводно е пронајдена на околу 800. Тоа е поголем притисок отколку што може да издржи трупот.

Официјални лица порано во текот на денот соопштија дека количината на кислород за екипажот најверојатно исчезнала рано утрово.

Слични содржини