Откако никој не ја погоди добитната комбинација од 500 милиони долари, џек- потот порасна за 675 милиони долари, а таа цифра ги збудале американците , да уплатат во новото коло од “Пауербол”

Од Американската лотарија изјавиле дека биле продадени околу 300 милиони ливчиња за следното коло кое носи вртоглава добивка од 675 милиони долари.
Оваа сума е за десет пати повисока од просечната добивка сите овие години.
– Ова е најголемата добивка на сите времиња, вели Кели Крип портпаролката на американската лотарија.
“Powerball” е најпопуларната наградна игра на оваа лотарија, која се игра два пати неделно, во среда и сабота, а доколку не бидат погодени бројчињата, главната награда се зголемува за 50 милиони долари.
Последниот џек-пот е извлечен на 7-ми ноември 2015-та година , после 17 обиди за извлекување без победник.