Индонезиските власти соопштиле дека спасувачки екипи ја лоцирале исчезнатата подморница на длабочина од околу 850 метри и додадоа дека ќе направат итна медицинска евакуација на вработените во бродот.
Здравствената состојба на екипажот засега не е позната, изјави началникот на Генералштабот на индонезиската морнарица, адмирал Џудо Маргоно, пренесува Ројтерс.
Агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на агенцијата Ксинхуа, ја пренесува изјавата на Маргоно дека исчезнатата подморница е пронајдена во водите во близина на островот Бали, пренесува Танјуг.
Во изјавата на индонезиската војска се наведени неколку детали, но веројатноста дека некој преживеал е минимална.
Со скенирање на морското дно во Балиското Море на длабочина од 850 метри се пронајдени предмети за кои се верува дека му припаѓале на исчезнат брод.
„Овие објекти никогаш немаше да излезат од подморницата ако нема притисок“, рече шефот на потрагата, Хади Тјахјанто.
#BREAKING : Debris & oil from missing #Indonesian submarine recovered: military
Indonesian navy says submarine that disappeared off coast of #Bali with 53 aboard, sank at 700-800 meters depth
Via @AFP pic.twitter.com/X8wkxNx0s6
— Indo-Pacific News – Watching the CCP-China Threat (@IndoPac_Info) April 24, 2021
Подморницата исчезна за време на вежби, а во неа има 53 лица.
Таа е направена да оди на длабочина од 500 метри, па постои страв дека со длабочина од 850 метри, екипажот можеби не преживеал, додава Ројтерс.