Lotus првпат го откри својот SUV наречен Eletre (претходно внатрешно познат како Type 132) на крајот на март, а во меѓувреме објави дополнителни детали и цени.
Како што претходно беше најавено, овој британски бренд (но во сопственост на Geely) ќе произведува електрични возила за глобалниот пазар во својата нова фабрика во Вухан, Кина.
Сите идни електрични модели на Lotus ќе се базираат на новата платформа, која може да биде основа за возила до сегментот Е, со меѓуоскино растојание од 2889 mm до 3100 mm.
Сè започнува со овој SUV модел, кој ќе се појави во продажба во 2023 година.
Eletre е долг 5105 mm, висок 1630 mm, меѓуоскиното растојание е 3019 mm, додека волуменот на багажникот во задниот дел е 400 литри (плус 77 литри напред).
Досегот со едно полнење на батериите од 112 kWh е од 490 km до 600 km (во зависност од верзијата), додека полнењето до 80% од капацитетот трае 20 минути.
Меѓу другото, теренецот на Lotus ќе има активна аеродинамика, систем LIDAR, три дигитални дисплеи, како и избор помеѓу верзии со четири или пет седишта.
Основната верзија на Eletra започнува со цена од 89.500 фунти (102.705 евра), а доаѓа со 603 КС, автономија од 600 километри, максимална брзина од 257 километри на час и забрзување до 100 километри на час за 4,5 секунди.
Стандардната опрема вклучува активно воздушно потпирање, векторирање на вртежниот момент, активна предна табла, LED фарови, комплет тркала од 22 инчи, ел. прилагодливи седишта, четиризонска контрола на климата, Apple CarPlay и Android Auto, како и аудио систем со 15 звучници и инфозабавен систем од 15,1 инчи.
Eletre S (исто така со 603 КС) чини 104.500 фунти (119.920 евра), со дополнителна опрема вклучувајќи аудио систем KEF Reference од 2160 вати со 23 звучници и активен заден спојлер.
На врвот е Eletre R со 905 КС (чини 120.000 фунти или 137.705 евра), кој забрзува до 100 km/h за 2,95 секунди и може да достигне максимални 265 km/h (дометот е 490 km). Оваа верзија добива и Dynamic Package, за кој Lotus велат дека вклучува интелигентна контрола против превртување и активно управување на задните тркала.
Треба да се напомене дека сите три верзии на Eletra имаат погон на четири тркала.
Според досегашните најави, испораките на првите примероци треба да започнат во првата половина на следната година.