Lotus ги објави цените на својот електричен SUV

од Vladimir Zorba
203 прегледи

Lotus Eletre е вистинско освежување, а може да биде хит во сегментот на премиум SUV модели со електричен погон.

Иако многу приврзаници на Lotus беа шокирани кога беше претставен овој модел, има многу причини за оптимизам. Пред се, има звучно име проследено со атрактивен изглед, а треба да се каже и дека електричните SUV модели се барани и во светот на премиум автомобилите.

А кога сме кај премиум, да ја спомнеме и цената. Lotus Eletre во Германија стартува од 95.990 евра, што дефинитивно е на ниво на конкуренцијата. Имајте на ум дека станува збор за основната верзија, со 450 kW/612 КС и 710 Nm.

Помоќната, R варијанта има дури 675 kW/905 КС и 985 Nm, но чини и значително повеќе – 150.990 евра.

Сепак, Eletre R достигнува стотка за само 2,95 секунди и развива максимални 265 km/h, додека основната верзија забрзува од 0-100 km/h за сè уште многу посакувани 4,5 секунди и може да достигне 258 km/h.

Сега додадете досег од 600 km кај послабиот модел или 490 km во помоќната верзија, што е обезбедено со огромна батерија со капацитет од 112 kWh.

Сепак, една информација за Lotus останува непозната, а тоа е масата.

Автономијата со полна батерија, според циклусот WLTP, треба да биде 600 километри. Сето тоа го овозможува батерија со капацитет од над 100 kWh, која ќе може да се полни со моќност од дури 350 kW.

Тоа значи дека 400 километри автономија (10-80% капацитет) во Lotus Eletre ќе може да се „полнат со гориво“ за само 20 минути.

Поставен на поголеми тркала од 23 инчи, најновиот Lotus во кабината нуди луксуз, но одржлив. Наместо кожа, има вештачки материјали за рециклирање, а опремата е првокласна.

Lotus Eletre се произведува во погоните на Geely во Кина и доаѓа со гаранција од пет години или 160.000 km.

Слични содржини