337
На 26.12.2020 во 07,00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с.Лева Река, Ресенско, кај место викано „Честак“, Д.Ф.(36) од Ресен, и Х.Т.(30) од с.Крушје, отишле на лов, при што во еден момент Д.Ф. испукал еден патрон со кој го погодил Х.Т., наведено е во соопштението на МВР.
„Х.Т. бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. На местото на настанот била пронајдена ловечка пушка „Бајкал“ кал.12х70мм. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во соопштението.