298
Државниот ревизор откри 400.000 евра непокриени во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори чив кандидат беше Гордана Сиљановска Давкова, обвини денеска лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски.
„На тој начин е извршено едно кривично дело за кое се надевам дека против актерите пред се против потписникот на извештаоте на кампањата, Јанушев во една транспаретнта судска постапка ќе се докаже дека извршиле дело кое е спротивно на Изборниот законик“, истакна Бошкоски.
Судењето за апсењето на Љубе Бошкоски денеска почнува одново поради смена на поротник и поради истечените 90 дена од рочиште до рочиште. По речиси година и половина, целиот процес ќе треба да се повтори што значи и повторно сослушување на сите сведоци.