На аукцијата во Јапонија беа претставени две лубеници за рекордна сума од 1,5 милиони јени (11 083 долари).
Понудата е од локалната веледрогерија, која ја претставила на годишниот пазар на овошје Сапоро, остров Хокаидо. Со таква сума во Јапонија може да се купи сосема нов автомобил. Сегашната понуда потсетува на минатогодишната лубеница продадена на аукција за 2,5 милиони јени.
Високите цени на сортата лубеници јобари е нешто нормално и ја одразува желбата на купувачите за престиж.
Лубеници юбари се симбол на Јапонија слично на вината во другите држави. Тие се купуваат како подароци за пријатели и колеги.
Лубеници сепак не се единствениот скап плод во Јапонија. Едно јаболко во супермаркет може да чини 2,6 евра, а пакување од 20 цреши може да се продава за 89 евра.