Љубов посилна од војна: Свадба на украински војници во Киев (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
293 прегледи

Опкружени со војна, двајца украински војници се венчаа вчера на контролен пункт во Киев.

На свадбата на Лесија Ивашченко и Валери Филимонов среде украинско-руската војна присуствуваа и други припадници на украинската армија, свештеникот што ги венчал, градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и некои медиуми.

Денеска е 11-тиот ден од војната во Украина. Евакуацијата во Мариупол не успеа бидејќи, како што тврди Украина, руските војници не го почитувале примирјето.

Од вчера од тој град пристигнуваа вести за лошата хуманитарна состојба, но и најава на претставниците на самопрогласената Доњецка народна република дека евакуацијата би можела да продолжи. Украинските власти се уште не ја потврдиле евакуацијата.

Слични содржини