Годината во заминување ја обележаа бројни раскинувања на славните парови, а некои од нив навистина ја изненадија јавноста.
Се потсетуваме на најшокантните селебрити љубовни бродоломи во изминативе 12 месеци.
Кајли Џенер и Травис Скот
https://www.instagram.com/p/B6SwNwggpNX/
Бјути монголот Кајли Џенер и раперот Травис Скот, кои ја имаат ќерката Сторми, раскинаа во октомври по двегодишна врска. Иако не го коментираа раскинувањето, во медиумите се пишуваше дека причината за истиот е тоа што Кајли сака брак и повеќе деца, а Травис не.
Отогаш Џенер ја поврзуваа со уште еден рапер – Дрејк, но гласините за нивната наводна врска се уште никој од нив не ги коментираше.
Колин и Ливиа Фирт
Британскиот актер Колин Фирт и неговата сопруга Ливиа во брак поминаа 22 година. Пред неколку години се дозна дека сопругата го изневерувала, но успеаја да ја надминат таа криза, но во декември објавија дека сепак се разведуваат. Парот заедно има два сина.
Мајли Сајрус и Лиам Хемсворд
Пејачката Мајли Сајрус и актерот Лиам Хемсворт се венчаа пред крајот на 2018 година, а само осум месеци подоцна објавија дека се разведуваат.
Наводно Мајли била таа која побарала развод откако со месеци живееле одвоено, а се сушкало дека Лиам за сето тоа дознал на социјалните мрежи.
Мајли откогаш прекина уште две врски и тоа со блогерката Кејтлин Картер и пејачот Коди Симпсон. Лиам го поврзуваа со австралиската актерка Медисон Браун, но никој од нив двајцата не ја потврди таа врска.
Бредли Купер и Ирина Шајк
Иако актерот Бредли Купер и манекенката Ирина Шајк се разделија без никаква драма и мирно се договорија за заедничка грижа за својата ќерка, многу медиуми за нивниот развод ја обвинија Леди Гага со која Бредли глумеше во филмот Ѕвездата е родена.
Леди Гага и Кристијан Карино
https://www.instagram.com/p/B33JceRJLl2/
Интересно, но и Леди Гага оваа година остана сингл, иако требаше да се венча со својот, сега веќе поранешен дечко, Кристијан Карино. Но, четири месеци откако ја запроси, таа го смени своето мислење и го откачи.
Кејти Холмс и Џејми Фокс
Романсата на Кејти Холмс и Џејми Фокс траеше шест години, а парот успешно ја држеше врската подалеку од очите на јавноста. Исто како и својата врска, тие не го коментираа ниту своето раскинување, но дека не се заедно стана јасно откако американските таблоиди објавија како актерката се забавува во Лос Анџелес.