Људмила Игнатенко: Серијата „Чернобил“ е полна со лаги

од Elena Daskalova
391 прегледи

Људмила Игнатенко е жена чиј лик е централен во хит-серијата на ХБО, „Чернобил“, која оваа година стекна светска слава и овозможи приказната да се чуе насекаде.

Но, таа тврди дека прво, не дала дозвола да се екранизира нејзината приказна, а потоа и дека серијата се заснова на лажни факти.

Таа е сопруга на пожарникарот Василиј, во времето на катастрофата била бремена, а грижејќи се за него, го изложила на сериозна радијација своето неродено бебе.

„Кога дознав дека се снима серија за мене, се чувствував лошо и вознемирено“, раскажала Људмила и додала дека морала да се крие од новинари.

„Ме прогонуваа. Ми доаѓаа на врата. Имаше и онакви кои туркаа со ногата за да не можам да им затворам, туркајќи ја опремата за да ме снимат“, вели Људмила.

Од друга страна пак, истата приказна може да се најде во романот на гласови на Светлана Алексиевич, „Чернобилска молитва“.

ХБО никогаш не излегоа со официјален став дали приказната за Људмила се заснова на тој дел од романот или пак, на историски и фактографски документи.

Во видеото во продолжение, погледнете го нејзиното интервју за Би-би-си Русија:

Слични содржини