Германската компанија Луфтханза денеска соопшти дека повеќе нема да лета за Украина, за што претходно одлучи холандската авиокомпанија KLM.
Украинскиот министер за инфраструктура Олександар Кубраков денеска изјави дека десетина авиокомпании го промениле распоредот на летови со Украина, поради тензиите во односите на Киев со Москва, но нагласи дека воздушните коридори над Украина се се уште отворени и безбедни.
Скандинавската компанија САС ги прекина летовите за Украина, додека француската Ер Франс откажувањето на утрешниот лет на линијата Париз-Киев го нарече „превентивна мерка“.
-Откажувањата на летовите се резултат на информации за влошување на ситуацијата, а не на реални промени во безбедноста на летовите, изјави Кубраков пред новинарите.
Тој рече дека украинската влада работи на замена на откажаните летови на Луфтхаса од Киев до Минхен и Женева, објави Ројтерс.