„Луфтханза“ повторно се задолжи за милијарда евра

од Vladimir Zorba
305 прегледи

Авиокомпанијата „Луфтханза“ објави дека позајмила дополнителни милијарди евра од пазарот на капитал за подобрување на ликвидноста и отплата на државната помош.

Компанијата издаде обврзница во две транши од по 500 милиони евра, според соопштението издадено во средата вечерта по затворањето на берзата.

Првата транша носи годишна каматна стапка од два проценти и треба да се плати во 2024 година. Втората носи каматна стапка од 3,5 проценти, а треба да се плати во 2029 година.

Луфтханза има намера да ги искористи парите за подобрување на ликвидноста.

„Ние продолжуваме да работиме конзистентно на нашите мерки за преструктуирање за да ги заклучиме мерките за стабилизација на Владата што е можно поскоро“, рече Ремко Стинберген, главен финансиски директор на компанијата.

Владите на Германија, Австрија, Швајцарија и Белгија ветија итна финансиска помош за „Луфтханза“ во износ од девет милијарди евра, поради падот на работата во текот на пандемијата на коронавирус.

Компанијата издаде обврзница од милијарда евра во февруари годинава и отплати дел од добиената државна помош.

Во соопштението се вели дека тие имале 10,6 милијарди евра во готово на крајот на март и дотогаш користеле помош од околу 2,5 милијарди евра.

Луфтханза, исто така, подготвува докапитализација со цел да ја врати исплатената државна помош, но извршниот и надзорниот одбор, наводно, сè уште не одлучиле кога и во која сума, забележува агенцијата ДПА.

Слични содржини