Луфтханза во првиот квартал имала загуба од 467 милиони евра

од Stefanija Kuzmanovska
240 прегледи

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ денеска извести дека работела со нето загуба од 467 милиони евра во првиот квартал од оваа година, што е помалку отколку во истиот период претходната година, кога загубата изнесувала 584 милиони евра. Истовремено, приходите на групацијата се зголемени за 40 отсто, на седум милијарди евра.

Во тој период значително се зголемил и бројот на патници кој достигнал бројка од 22 милиони. Истовремено, приходите од патничкиот авиопревоз се зголемени за 73 отсто, на 5,2 милијарди евра.

Во вториот квартал, „Луфтханза“ очекува да ја зголеми искористеноста на капацитетите на приближно 82 отсто од нивото пред пандемијата.

„Постојаната високата побарувачка ни дава сигурност за следните месеци. Летната сезона на патувања ќе даде голем придонес за постигнување на нашите цели за 2023 година“, рече главниот финансиски директор на „Дојче Луфтханза“, Ремко Стинберген.

На крајот на март 2023 година, компанијата имаше ликвидност од 10,5 милијарди евра, нагласувајќи дека нејзината ликвидност се уште е над целното ниво од осум до 10 милијарди евра.

Слични содржини