Луѓето кои го прават ова барем ЕДНАШ неделно имаат повеќе СЕКС!

од Stefanija Kuzmanovska
317 прегледи

Сексот, барем ни се чини, конечно престана да биде голема табу-тема. Тука нема мудрост, или го имате или го немате, а ако го имате, или е добар или „може да помине“.

Е сега, некои луѓе имаат врска, па имаат можност да го практикуваат почесто. Од друга страна, тоа не мора да биде правило и зависи од тоа каква е врската. Во секој случај, без разлика дали сте соло или имате некој, постои трик како да го зголемите бројот на сексуални активности, а всушност тоа е многу едноставно.

Сè што треба да направите е да се „средите“ малку. Можеби звучи глупаво на прв поглед, но размислете за тоа. Ако се „скоцкате“, намирисате, наместите фризурата, ќе се чувствувате многу позаводливо и попривлечно, а сите знаеме дека важи и правилото „кога се сакаш себе си, сакаш и други“.

Така, барем еднаш неделно, подгответе се како да одите на многу важна вечера, иако можеби само ќе скокнете во некој локален бар или кај вашата поубава половина и покрај тоа што ќе имате секс, тој сигурно ќе биде за нијанса повозбудлив од вообичаеното.

Слични содржини