Денес, многумина бараат партнер или забава на Тиндер и слични апликации за состаноци, но некои ја убиваат секоја шанса уште од самиот почеток, дури и без да бидат свесни за тоа.
Еден корисник на Redit постави прашање „што најмногу ве одбива кај потенцијалните партнери на апликација?“ Ова беа најчестите одговори.
1. Нема опис
„Нема да лајкувам затоа што не знам како да започнам разговор“.
2. Нема лични информации
„Кога тие не пишуваат ништо за себе, освен името, возраста и еден куп емотикони. Ме интересира нешто за тебе, не само како изгледаш“.
3. Услови
„Кога тие условуваат колку човек мора да биде висок, на пример.“
4. „Немојте да ми го трошете времето“
„Таа реченица кажува многу за личноста, гледам дека таа е нервозна дури и пред да разговара со мене“.
5. Не знае да води разговор
„Ако некое лице не знае да одржи едноставен разговор, создавам негативно мислење за неговата интелигенција. Покрај тоа, на повеќето луѓе им е лесно да зборуваат кога ќе дојде вистинската личност, ако разговорот заглави, тоа значи дека не сме компатибилни“.
6. Кога ќе го претстават своето токсично однесување како предизвик
„Еден тип ми рече дека не верува во љубов и дека треба да го убедам во спротивното. Не фала“.
7. Кога нашироко пишуваат каква личност не сакаат
„Кога описот започнува со ‘немој да ми пишуваш ако си’, дури и не читам понатаму“.
8. Кога лажат за возраста
„Секогаш кога ќе видам дека неговиот профил кажува одреден број на години, а во описот нагласуваат дека тоа не е точно, веднаш знам дека претходно лажеле за годините на апликацијата за запознавање. Не, благодарам“.
9. Клишеа
„Нема да одбијам личност само поради тоа, но ме нервираат клишеа од типот ‘Сакам сè што им се допаѓа на младите’. Покажете малку оригиналност“.
10. Неписменост
„Можеби звучи ситничаво од моја страна, но неписмените луѓе ми се одбивни“.