Британски футуролог предвидува дека до 2050 година луѓето ќе станат бесмртни, пренесува “Метро”.
Според д-р Иан Пирсон кон средината на овој век луѓето ќе се способни да го вклучуваат мозокот кон компјутери и ќе можат да управуваат со нив подобрени Андроид тела.
Предвидувањата специјалистот ги направи за време на овогодинешната научно изложба “Големата експлозија” “во Лондон.
“Овие научни достигнувања ќе им помогнат на луѓето да се здобијат со повеќе идентитети. Тие ќе можат да го продолжат своето постоење долго по биолошката смрт”, изјави Пирсон.
Тој очекува еволутивен процес кај луѓето да биде променет и усогласен со напредокот на технологијата.
