Да имаш тајни е дел од тоа да се биде човек. Нема жив човек на земјата, кој да нема барем една тајна. Некои од овие тајни не влијаатна никого, други сепак се толку големи, што може да го промени човештвото или да открие некоја мистерия.Видете ги 5-те лица, кои закопале големи тајни со себе.
5. Арне Берлинг
Филмот “Игра на кодови” го опишува животот на Арне Берлинг. Тој можел да декодира комуникациските линии и да ја прислушува комуникацијата на Нацистите во Втората светска војна. Успеал да ги разкриптира кодовите на најкомплицираната машина во тоа време, имено “Енигма”. Кога го прашале како го правел тоа, тој велел дека “маѓепсникот не ги открива своите тајни”. И така до смрт, тој не ја издал својата.
4. Никола Тесла
Благодарение на интернет, нема потреба да спомнуваме кој е Никола Тесла или што постигнал во животот. Тој е пронаоѓач на многу работи кои ги користиме секојдневно и постојано. Но тој не успеал да даде на светот едно нешто – слободен безжичен електрицитет.
Во 1905 година тој бил финансиран и почнал да работи на кула која требало да достави слободен електрицитет на сите, но не успеал да ја заврши. Откако починал, многу луѓе се обиделе да му ги разберат записите , но не успевале да ја завршат својата работа.
3. Јан Слуут
Јан Слуут е дански електричар кој објавил во 90-тите дека создал најефикасен метод за компресија и кодирање на податоци во историјата. Овој метод можел да претвори 10 гигабајти филм во 8 килобајти без никаква загуба на квалитетот. Овој метод требало да го промени трансферот на датотеки, како што го знаеме денес. Тој, сепак починал од инфаркт во 1999 година пред да го потпише договорот и да ја открие тајната.
2. Антонио Страдивари
Дури и да си нејасно запознаен со класичната музика, веројатно го знаеш името Антонио Страдивари. Тој бил италијански занаетчија, роден во 1644г., кој произведувал музички инструменти. Во својот живот, тој е изработил 1100 инструменто, од кои 650 се уште се користат. Од овие 650 инструментот, 500 се виоли, а 12 од нив се најскапите виоли на светот. До денес научниците се обидуваат да разберат како е можно толку стари Виоли сеуште да звучат како нови.
1. Едвард Лидскалнин
Тој велел дека го открил начинот на кој Египќаните ги изградиле пирамидите. Едвард Лидскалнин е латвиски емигрант во САД, кој од 1923г. до крајот на животот, изградил замок во Флорида. Тој не бил многу висок, ниту многу тежок, но некако успеал да преместува камени блокови со тежина од 30 тони.
Тој секогаш работел сам и никогаш не дозволувал на некого да види што прави. Само двајца тинејџери рекле дека виделе како камените блокови да пловат во воздухот како балони. Тој, сепак, никогаш не споделил како го правел тоа.
