Група од околу стотина непознати лица се собраа околу пладне пред влезот во дворот на редакцијата „Н1“ во Белград и стоеја таму до околу 13:30 часот.
„Собирот не беше спонтан. Со сигурност можеме да кажеме дека протестот го организираше Александар Вулин“, изјави програмскиот директор на „Н1 Србија“, Игор Божиќ.
Вулин: Нема да ни биде тешко да дојдеме повторно
Српскиот вицепремиер Александар Вулин во српскиот парламент потврди дека членовите на неговото Движење на социјалистите денеска го блокирале „Н1“ и рече дека „нема да им биде тешко да дојдат повторно, ако не ги слушнавме добро“.
Демонстрантите кои претходно пристигнаа пред „Н1“ решија да се повлечат околу 13:30 часот.
Паралелно, група луѓе од блиската компанија „Erport siti“ се собраа да им дадат поддршка на вработените на „Н1“. Двете групи на луѓе собрани беа разделени од полицијата во полна опрема.
„Н1“ е еден од ретките антирежимски медиуми во Србија и често е на милост и немилост на претседателот Александар Вучиќ. Телевизијата е дел од „United Group“, во сопственост на претприемачот и медиумски магнат Драган Шолак. Медиумите во сопственост или контролирани од Шолак често ја критикуваат политиката на Вучиќ, а Вучиќ постојано го напаѓа Шолак, нарекувајќи го „непријател на Србија“ и обвинувајќи го за финансирање на опозицијата и обид за дестабилизација на владата, пишува хрватски „Индекс.хр“.