Луис Кампос е нов спортски директор на ПСЖ

од Vladimir Zorba
356 прегледи

Португалецот Луис Кампос е новиот спортски директор на Пари Сен Жермен, откако потпиша договор на три години, пренесe весникот „Ле Паризиен“.

57-годишниот Кампос ќе го замени Леонардо. Овие позиции ги извршуваше во Монако, каде ги „откри“ Килијан Мбапе, Фалкао, Фабињо, Хамес Родригез, Антони Марсијал, Бернардо Силва и ја освои националната титула во сезоната 2017/18, а потоа се пресели во Лил, каде исто така успеа да ја скрши хегемонијата на парижаните за уште еднаш да го зграпчи трофејот во сезоната 2020/21.

Токму овие достигнувања јасно го привлекоа вниманието на Насер Ал-Калаифи за да го привлече на Паркот на принцовите.

Се очекува првата голема одлука на Кампос да биде раскинување со сегашниот тренер Маурисио Почетино, а за негов заменик да биде прогласен Кристоф Галтие.

Тренерот на Ница стана шампион на Лига 1 со Лил во тандем со Португалецот.