12
Француската компанија за луксузни производи „Луј Витон“ е казнета со пет милиони круни (околу 440.000 евра) во Шведска, откако клиент постојано плаќал големи суми во готовина во продавница во Стокхолм, кршејќи ги одредбите од Законот за перење пари, се вели во пресудата на Управниот суд.
„Луј Витон, меѓу другото, му дозволи на клиент да купи производи за 235.000 круни (околу 20.500 евра) во 13 наврати во краток временски период“, рече Карина Кутлип, шеф на единицата за корпоративен и безбедносен надзор во Административниот одбор на округот Стокхолм, пренесува SVT.
За да се запре перењето пари и финансирањето на тероризмот, воведени се построги контроли на плаќањата во готовина.