Француски суд повтороно ја отвори истрагата во случајот против режисерот Лук Бесон, кој е обвинет за силување.
Белгиско-холандската актерка Санд Ван Рој во мај 2018 година подигна обвинение против режисерот, за силување во еден париски хотел. Бесон не беше испрашуван со месеци по подигнување на обвинението. По неговото сведочење во октомври и декември 2018 година, обвининето во февруари оваа година го отфрли случајот поради недостиг на докази.
Но сега судот нареди да се спроведе нова истрага, откако Ван Рој подигна ново обвинение. Нејзиниот адвокат ги откри информациите за новиот судски процес против Бесон во изјава за медиуми и на Твитер.
Адвокатот на Бесон ги отфрли новите обвиненија како неосновани и изјави дека очекуваат повторно да се докаже неговата невиност. Сепак по подигнувањето на случајот против Бесон, јавно излегоа уште осум жени кои тврдеа дека биле сексуално напаѓани од режисерот во изминатите години.