Лукаревска: Доколку не се донесат уставните измени, повторно ќе се вратиме назад

од Nikola Popovski
260 прегледи

Директорката на УЈП и заменик-претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска е апсолутна оптимистка дека ќе бидат донесени уставните измени за внесувањето на бугарското малцинство во Уставот, за продолжување на европскиот пат на С. Македонија. Лукаревска во интервју за „Рацин“ вели дека тоа е стратешка, државотворна цел којашто мора да ја оствариме.

-Ние немаме друга опција освен европската перспектива и мислам дека прогресивните сили, оние кои што ѝ мислат добро на државата треба да ја дадат поддршката за уставните измени. Доколку тоа не се случи ние повторно ќе се вратиме назад. Јас не сакам ни да помислам дека нема да успее оваа приказна. Во неа треба да сме сите заедно, да ги надминеме сите пречки заедно и да бидеме ветер во грб еден на друг во рамките на политичкото функционирање, вели Лукаревска во интервјуто.

Слични содржини