Лукаревска: Двојни аршини на ВМРО-ДПМНЕ околу Законот за бранителите и заемот од Унгарија

од Илинка Илиоска
39 прегледи

Ветувањата коишто ги слушавме во рамки на кампањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ не се реализирани – едно слушавме пред изборите, а сега гледаме дека се случува нешто друго. Во Собранието гледаме двојни аршини, последен пример е однесувањето на мнозинството за Законот за бранители, рече пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска вечерва во емисијата „Топ Тема“ на „Телма“.

-Двојни аршини на ВМРО-ДПМНЕ гледаме. Не го применија истиот принцип за Законот за бранители како што постапија за кредитот од Унгарија. За 20 минути претседателот на Собранието ја закажа Комисијата за финансирање и буџет за кредитот од Унгарија, но одбива да ја закаже комисијата за Законот за бранители. Власта на ВМРО-ДПМНЕ отворено застана во одбрана на претседателот на Собранието Гаши. Претседателот на Собранието има обврска да се однесува подеднакво за сите закони и за сите пратеници. ВМРО-ДПМНЕ треба да го побара тоа. Да беше искрена, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесеше барање до претседателот на Собранието, рече Лукаревска.

Законот за бранители е поднесен од пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска уште на 01.07.2024 година, а ставен е на дневен ред во Собранието дури во септември, што значи седел во фиока толку време, додаде таа.

Слични содржини