Лукаревска: Избори нема да има

од Берта Китинска
196 прегледи

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во гостување во емисијата „Студио 10“ посочи дека во овој момент не се потребни предвремени парламентарни избори, туку работа и проекти со цел да се надминат предизвиците од енергатската, економската и здравствената криза.

„Сега нема потреба од предвремени избори, има потреба од работа од менаџирање на кризата, реализација на мерки и проекти од Програмата на влада. Барањето за предвремени избори во овој момент е една несериозна иницијатива од страна на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што се наоѓаме во кризен период и еден вид на непочитување на државата ако било кој политички субјект сега бара предвремени избори.“ истакна Лукаревска.

Во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се укине техничката Влада, заменик претседетелката на СДСМ оцени дека со таквиот потег, опозицикста партија потврдува дека државата, инистуциите спроведуваат фер, слободни и демократски избори.

„Техничката влада дојде како последица од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ова барање од страна на ВМРО-ДПМНЕ да се укине техничката влада покажува дека и таа партија знае дека државата, инистуциите знаат и можат да спроведат фер, слободни и демократски избори и тоа го покажуваат сите релевантни извештаи кои покажаа дека и парламентарните и локалните и претседателските избори беа фер и слободни а ВМРО-ДПМНЕ не ги оспори тие извештаи“ порача Лукаревска.

Лукаревска додаде дека парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин, во 2024 година.

Слични содржини