Лукашенко: Ако Трамп ги запре војните, ќе го номинираме за Нобеловата награда

од Nikola Popovski
70 прегледи

Доколку Доналд Трамп, кој победи на претседателските избори во САД, успее да ги запре војните, Минск ќе го номинира за Нобеловата награда, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко. Дополнително, тој додал дека, сепак, не зависи се само од Трамп.

Белорускиот лидер потсетил дека Трамп за време на изборната кампања ветил дека ќе ги запре војните, вклучително и во Украина.

„Ако го направи тоа, ќе испратиме петиција за Нобеловата награда“, вака изјавата на Лукашенко ја цитира државната агенција „Белта“.

Според Лукашенко, Трамп ќе се обиде да ја запре војната во Украина, но тоа не е едностран процес.

„Треба да преговараме и, можеби, не само со Русија. Ова се однесува на многу земји“, пренесува „Белта“.

Лукашенко истакнал дека Белорусија ќе придонесе за воспоставување мир во Европа, доколку Трамп како избран претседател на САД го сака тоа.

„Вашингтон ќе сака мир и спокој овде во Европа, а ние ќе придонесеме за тоа“, рекол претседателот на Белорусија.

Тој оценил и дека САД ќе продолжат да вршат притисок врз Европа, бидејќи не и треба конкуренција, но дека не ја исклучува можноста Брисел да се врати на нормалните односи со Москва и Минск.

Слични содржини