211
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска изјави дека е убеден оти Белорусија и Русија ќе изградат единство на две независни држави.
На средбата со гувернерот на Приморскиот крај, Олег Кожемјак, во Владивосток, Лукашенко рече дека повремено има стравувања дека Белорусија ќе биде вклучена во Русија, пренесува „Белта“.
„Јас велам: Путин и јас не сме толку глупави за да користиме стари методи. Ќе изградиме, велам, такво единство на две независни држави што тие ќе учат од нас. Тие ќе научат! И како да се надминат санкциите итн.“, рече Лукашенко.