244
Белорусија разви свое производство на ракети, така што сега сама го произведува целото неопходно оружје, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.
„Знаете дека го започнавме производството на белоруската ракета во Кина, но сега сето тоа го правиме сами. И фрлачи и единици за полнење. Сами произведуваме ракети, што е најтешко“, рече Лукашенко, пренесува агенцијата РИА.
Тој истакна дека дури и Кина нарачува оружје од Белорусија.