Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека десетина белоруски беспилотни летала можат целосно да ја затворат јужната граница со Украина.
Тој потсети дека белоруската армија е пред се фокусирана на заштита на својата територија, а не на напад и затоа се произведува вакво оружје, пренесува белоруската агенција „Белта“.
Борбените способности на белоруските беспилотни летала му беа демонстрирани на белорускиот лидер на полигонот. Тој оцени дека „сите системи се подобрени и добро функционираат“.
„Сите тие ги погодија своите цели. Тоа е добро. Ќе продолжиме со нашата работа. Имаме на што да работиме. Побарувачката за нив е веќе голема. Не мислам на Украина, дури и пред Украина“, нагласи Лукашенко.
Тој исто така рече дека Белорусија ја обезбедува својата безбедност и нема намера да ги затвора границите на земјата.
Тој повтори дека на Белорусија денес не ѝ е потребна никаква војна и дека не верува во можноста за трета светска војна.