Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ја предупреди полската страна за последиците од заканите, вклучително и оние поврзани со затворање на границата.
„Веројатно ги слушате заканите на овие дивјачки политичари и лидери на Полска: ќе ја затвориме границата, ќе ја затвориме Кузница, железничкиот граничен премин итн. Во врска со ова, можам само да кажам: ако поудобно ви е, тогаш затворете го. Но, прво треба да размислат како ќе разговараат со Русија и Кина и воопшто со истокот“, рече белорускиот лидер.
Белорускиот лидер истакна дека неговата земја не сака конфликти на границат и дека Минск никого намерно не префрлува преку границата.
Според Лукашенко, потребно е на секој полски државјанин поединечно да му се објасни дека Белорусите не се варвари.
„Знаеме дека ако отидеме предалеку, војната е неизбежна. Тоа ќе биде катастрофа“, нагласи претседателот.
На границата меѓу Белорусија и Полска е забележлив голем број мигранти, а Полјаците не ги пречекуваат најдобро.