При зголемениот притисок врз Минск, претседателот Александар Лукашенко ги повика народите на западните земји кои граничат со републиката и Украина да „се вразумат“ и да се справат со „лудите“ политичари кои „изгубија контакт со реалноста“.
„Им се обраќам пред се на народите на нашите соседни земји – Полјаци, Литванци, Летонци, Украинци – разбудете пред да биде предоцна, ставете ги во ред политичарите кои полудеа и изгубија контакт со реалноста“, рече Лукашенко церемонија по повод 80-годишнината од Големата татковинска војна.
Според него, регионот е сега, „како што беше пред 80 години“, на работ на глобалниот конфликт и тој се прашува дали соседите научиле лекции од историјата.
„Санкции, провокации … Сакам да прашам: Дали ова го правите намерно, дали сакате да ја тестирате силата на границите и патриотизмот на новата генерација Белоруси?Ајде да се обидеме“, истакнал белорускиот лидер.
Како што истакна, во минатото државите „живееле како соседи, делеле парче леб“ и луѓето се посетувале едни со други.
Белорускиот лидер ги повика сите да застанат на таа последна линија, „бидејќи утре ќе биде доцна“.
Тој посочи дека Белорусите нема да ја дадат својата татковина, независност и сувереност на никого, дека ќе издржат „во секој случај“. Белорускиот лидер исто така додаде дека за Минск современиот свет не е ограничен на ЕУ, односно има „доволно одговорни земји“ и цели региони со кои Минск ќе продолжи да работи тесно.
„Вистината е на наша страна и ние сме наследници на славната генерација која ни даде живот, слобода и независност“, рече Лукашенко.
Да потсетиме, ЕУ го воведе четвртиот пакет санкции против Белорусија, во кој членуваат 78 физички лица и осум компании. На нив ќе им биде забранет влез на територијата на ЕУ, а нивните финансиски средства во земјите на ЕУ ќе бидат замрзнати. Покрај тоа, службата за надворешна политика на ЕУ издаде изјава според која САД, Канада и Велика Британија воведоа синхронизирани со санкциите на ЕУ против Белорусија.
Досега „црната листа“ на ЕУ вклучува 166 физички и 15 правни лица.