388
Сите одлуки во врска со промената на возраста за пензионирање веќе се донесени во Белорусија и други нема да има, рече претседателот Александар Лукашенко.
– Ќе дејствуваме во оваа насока – рече тој на состанокот со работниците на Здружението за производство на кожа „Минск“, додавајќи дека „наскоро ќе биде пензионер“.
– Ќе работам додека не наполнам 80 години, но кога ќе наполнам 80 години, ќе се повлечам – рече Лукашенко.
– Ќе се качам во авионот и најверојатно ќе паднам на овие скали – се пошегува Лукашенко, алудирајќи на падот на американскиот претседател Џо Бајден додека се искачуваше на авионот.