Лукашенко ја откри понудата на Американците за сопругата на Мадуро: „Толку за правдата на која нè учат“

„Сакам да разберете: сè беше таму. Договорот, парите што беа платени, вклучувајќи го и народот на Венецуела, и војниците и цивилите. Имаше заговор и имаше предавство. Сè беше таму“, рече белорускиот лидер.

од Vladimir Zorba
65 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/БЕЛТА

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, на церемонија во Минск зборуваше за ситуацијата во Венецуела и сподели одредени детали за сопругата на Николас Мадуро.

За време на говорот, Лукашенко рече дека најважно за Американците е да го фатат Мадуро.

„Тие ѝ рекле на неговата сопруга: „Можеш да останеш, немаме никакви барања од тебе“. Таа одговорила: „Не, јас сум со него“. Ја познавам Флорес, таа е многу храбра жена. Ја доведоа во Америка и ја обвинија за трговија со дрога“, рече Лукашенко.

Порача дека никогаш нема да има вистинска правда во светот.

„Толку за правдата, на која нè учат целиот наш живот. Дали ви е преку глава од сè? Тие никогаш немале, немаат и никогаш нема да имаат никаква вистина или правда“, нагласи белорускиот лидер.

Зборувајќи за чинот на заробување и апсење на Мадуро, Лукашенко вели дека за сè имало план.

„Сакам да разберете: сè беше таму. Договорот, парите што беа платени, вклучувајќи го и народот на Венецуела, и војниците и цивилите. Имаше заговор и имаше предавство. Сè беше таму“, рече белорускиот лидер.