243
Белорусите не се агресори, но на секој можен начин ќе ја поддржиме Русија, изјави денеска претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.
Тој на церемонијата на положување венци на Споменикот на победата по повод 77-годишнината од победата над нацизмот рече дека Белорусите немаат право да не ја поддржуваат Русија, пренесува „Белта“.
„Отсекогаш сме биле заедно, секогаш сме биле обединети. Нема да можете да не растргнете и разделите“, нагласи Лукашенко.