245
Кина и Белорусија делат иста визија за светскиот поредок, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко на средбата со министерот за одбрана на Кина, Ли Шангфу, во Минск.
На почетокот на средбата, Лукашенко срдечно му посака добредојде на Ли во Белорусија, пренесе Белта.
„Вашата работа и напорите на Народна Република Кина да ги промовира своите интереси, главните идеи за светскиот поредок денес ги слуша целиот свет. Кина и Белорусија ги делат истите идеи за сегашниот и идниот светски поредок. Ние го покажавме тоа заедно во изминатите три децении“, рече Лукашенко.