Лукашенко: Можно е белоруските сили да им помогнале на мигрантите да преминат во Полска

од Берта Китинска
206 прегледи

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска  во интервју за Би-би-СИ изјави дека „апсолутно е можно“ неговите сили да им помогнале на мигрантите да влезат во Полска, нагласувајќи: „Ние сме Словени, имаме срце“.

„Нашите сили знаат дека мигрантите одат во Германија. Можеби некој им помогнал“, рече Лукашенко. Тој ги отфрли тврдењата дека повикал илјадници мигранти за да предизвика гранична криза, пренесува Ројтерс.

Сепак, тој негира дека повикал илјадници мигранти да дојдат со цел да биде предизвикана гранична криза.

„Им кажав дека нема да притворам мигранти, да ги држам на граница и ако продолжат да доаѓаат, нема да ги спречувам повеќе бидејќи тие не доаѓаат во мојата земја, тие одат во вашата. Тоа е она што сакам да го кажам. Но, не ги поканив овде. И да бидам искрен, не сакам да одат преку Белорусија“, рече белорускиот претседател.

Лукашенко е на власт од 1994 година, но неговиот последен реизбор во август 2020 година беше оспорен од страна на ЕУ.

Унијата го обвинува за оркестрирање на мигрантската криза на границата со Полска, Литванија и со Летонија како одговор на европските санкции за брутално задушување на протестите на опозицијата.

Слични содржини