Лукашенко: Можно е да им помагавме на мигрантите да влезат во Полска

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека е „апсолутно можно“ неговите сили да им помагале на мигрантите да преминат во Полска, но негираше дека мигрантите биле поканети.

„Мислам дека тоа е апсолутно можно. Ние сме Словени. Имаме срца. Нашите војници знаат дека мигрантите одат во Германија“, изјави тој за Би-Би-Си.

„Можеби некој им помагал. Нема да се занимавам со тоа“, додаде тој.

Меѓутоа, Лукашенко негираше дека повикал илјадници луѓе да предизвикаат гранична криза.

„Им кажав дека нема да држам мигранти на граница, а ако продолжат да доаѓаат, нема да ги спречам, бидејќи тие не доаѓаат во мојата земја, туку сакаат да влезат во вашата земја“, рече тој.

Слични содржини