Лукашенко на границата со Полска, мигрантите го поздравија со аплауз (ВИДЕО)

од Milan1
324 прегледи

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко го посети граничниот премин со Полска, каде мигрантите се обидуваат да влезат во ЕУ и рече дека Белорусија нема да ги лови, тепа и држи зад бодликава жица.
„Сакам да знаете дека во никој случај нема да ве затвориме и да ве испратиме дома со авион, ако не сакате“, рече Лукашенко.

Тој изјави дека околу илјада мигранти се евакуирани од Белорусија и истакна дека властите ќе им помогнат на оние кои сакаат да се вратат, но нема да ги принудат.

На средбата со бегалците тој изјави дека Минск ќе го прави само она што тие го сакаат „дури и ако се покаже дека тоа е лошо за Полјаците“.
„Ние, Белорусија, и јас, ќе направиме се што сакате, дури и ако тоа е лошо за Полјаците, жителите на Латвија и некој друг“, рече тој.

Тој напомена дека Минск ги разбира мигрантите.

„Ве разбираме, сакате да стигнете во Европа во која сте поканети. Сакате да се обедините со вашите семејства и такви луѓе има многу. Некои од вас веруваат во западната пропаганда и бараат подобар живот таму. Луѓето се различни овде. Но, вие имате еден проблем, голем и заеднички, влеговте во неволја, но сигурен сум дека тоа е привремено“, рече белорускиот претседател.

Лукашенко им вети и на бегалците дека Минск нема да си игра со нивните судбини и врз нив да гради политика.
Тој изјави и дека во Белорусија можат да се сместат до пет илјади мигранти. Покрај кампот, во кој моментално се сместени 2.000 мигранти долж границата со Полска, постои можност да се сместат уште 2.000 до 3.000 мигранти од земјите од Блискиот Исток.
Претседателот на Белорусија најави и дека во последните 24 часа имало обиди за „брутално“ протерување на околу 400 мигранти од Полска до границата.
Лукашенко се запозна со условите за сместување во кои живеат мигрантите, организацијата на храната, противпожарното обезбедување и праша дали сите имаат доволно храна. Мигрантите го поздравија со аплауз. Претседателот на Белорусија разговараше и со претставниците на Црвениот крст за помошта што им се дава на мигрантите.

Мигрантска криза

Мигрантската криза на границата на Белорусија со Летонија, Литванија и Полска, каде што мигрантите се упатуваат од почетокот на годинава, ескалира на 8 ноември.
Неколку илјади мигранти стигнаа до белоруско-полската граница и не ја напуштаат граничната зона.
Некои од нив се обиделе да влезат во Полска кршејќи ја оградата од бодликава жица. Земјите од Европската унија го обвинуваат Минск за намерно ескалирање на кризата и повикуваат на санкции. Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко смета дека за ваквата состојба се виновни самите западни земји поради чии постапки луѓето бегаат.
Неодамна, Литванија, Летонија и Полска известуваат за зголемување на бројот на приведени илегални мигранти од земјите на Блискиот Исток и Африка на границата со Белорусија и го обвинуваат Минск за создавање мигрантска криза. Минск ги отфрла сите обвиненија.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Минск повеќе нема да го спречува приливот на илегални мигранти во земјите на ЕУ – поради западните санкции, за тоа нема ниту пари, ниту сила.

Слични содржини