Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко на денешната средба со белоруските гувернери најави можност за употреба на воена сила за време на претседателските избори во 2025 година.
„Секаде каде што е потребно, слободно вклучете ја армијата за воспоставување ред“, рече Лукашенко, пренесе државната агенција БелТА.
Според него, има обиди да се изврши надворешен притисок врз членовите на изборните комисии во Белорусија.
Помогнете им на изборните комисии на избирачките места, бидејќи е јасно дека овие гадови веќе вршат притисок врз членовите на нашата комисија, особено врз раководството, рече Лукашенко.
Претседателските избори во Белорусија ќе се одржат на 26 јануари 2025 година, а на нив ќе се натпреваруваат пет кандидати, меѓу кои и Лукашенко, кој е шеф на државата од 1994 година и се обидува да го добие седмиот мандат, јави агенцијата Интерфакс.
Во средината на декември 2024 година, Белоруската републичка изборна комисија објави дека набљудувачката мисија од ЗНД почнала да работи на претседателските избори во Белорусија, пренесува „Танјуг“.