Лукашенко наредил апсење и на студентка која патувала со опозицискиот новинар

од Vladimir Zorba
224 прегледи

Универзитет во Волнус во понеделникот објави дека нивната студентка Софија Сапега (23), која патувала со новинарот Роман Проташевич, исто така е приведена кога белоруските власти го принудиле авионот на Рајанер да слета во Минск во неделата.

„Притворот на Сапега го потврди нејзиното семејство“, изјави за Ројтерс портпарол на Европскиот универзитет за хуманистички науки (ЕХУ). Тоа е приватен белоруски универзитет чија работа е забранета во Белорусија, па затоа во 2004 година се пресели во соседна Литванија.

Портпаролот на универзитетот додаде дека Сапега и Проташевич биле на одмор во Грција заедно.

Во случајот што некои водачи на ЕУ го опишаа како киднапирање, патнички авион „Рајанер“ кој леташе од Атина за Литванија, одеднаш беше пренасочен кон Минск, главниот град на Белорусија, придружуван од борбен авион МиГ-29 од советско време.

За време на слетувањето, властите приведоа еден новинар и блогер, ориентиран кон опозицијата, Проташевич.

Литванскиот патник, кој рече дека се вика Мантас, пријавил дека „кога авионот бил пренасочен, Проташевич го отворил горниот шкаф, извадил лаптоп и телефон и ги дал на патничката“.

„Тој беше уапсен веднаш по слетувањето“, рече Мантас.

„Сапега, руска државјанка, одлета во Вилнус за да ја брани магистерската теза на Универзитетот“, се вели во соопштението на универзитетот, додавајќи дека „како резултат на тајна операција на белоруските власти, студентот бил приведен под неоснована и замислени услови.”

„Протестираме против неоправданиот притвор за член на заедницата на ЕХУ“, се додава во соопштението.

Слични содржини