Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека земјата секогаш ќе биде со Русија и дека врската меѓу двете земји е посилна од НАТО.
– Не обвинувајте не нас за учество во агресија или нешто друго. Ние бевме, сме и ќе бидеме со нашата Русија. Нашата унија со Русија е посилна од онаа на НАТО блокот. Што друго очекувате од нас? Дополнително, велиме дека нема да се бориме во Украина. Соработуваме мирољубиво, рече белорускиот претседател.
Како што додаде, Украина не може за ништо да ја обвини Белорусија.
– Ние не го започнавме конфликтот со Украина. Тие беа оние кои го затворија својот воздушен простор за нашите авиони и прогласија економска блокада на Белорусија пред тоа да го направат западните земји и Соединетите Американски Држави, порача Лукашенко.