181
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека белоруските авиони се модифицирани за да можат да носат нуклеарно оружје.
„Еднаш јас и (рускиот претседател Владимир) Путин изјавивме во Санкт Петербург дека ќе ги модификуваме белоруските авиони Су-24 за да можат да носат нуклеарно оружје. Се е завршено“, рече Лукашенко, пренесува „Белта“.
Претседателот на Белорусија истакна дека земјата е подготвена соодветно да одговори на заканите од Западот.