Лукашенко: НАТО се подготвува за уште еден поход на исток

од Stefanija Kuzmanovska
177 прегледи

Под превезот на зајакнување на европската одбрана и наводно одбранбени вежби, НАТО формира „оклопна тупаница“, создадена очигледно не за заштита, туку за уште еден марш кон исток, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Тој на церемонијата во чест на дипломираните студенти на воените универзитети рече дека новите, како што наведе, „крстоносци“ од Северноатлантската алијанса, одеднаш решиле дека моментот е погоден за уште еден поход на исток, заборавајќи како завршуваа сличните походи на нивните претходници во историјата, пренесе „Белта“.

Белорускиот претседател оценува дека Западот активно врши извидување на земја и во воздух, спроведува вежби, пренесува опрема и залихи од други региони и истовремено го зголемува воениот буџет.

Слични содржини