Лукашенко: Не можевме да замислиме дека Југославија ќе исчезне

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека проширувањето на НАТО на исток ги подели Словените на спротивни страни, дека Украина е изгубена за источнословенскиот свет уште пред почетокот на руската специјална воена операција и дека не ни можел ни да замисли дека Југославија ќе исчезне.

„Не можевме ни да замислиме дека пријателска Југославија ќе исчезне од политичката карта, дека постсоветскиот простор ќе западне во низа вооружени конфликти и дека воениот блок на НАТО ќе се прошири на исток, делејќи ги Словените на спротивни страни“, рече Лукашенко, пренесе агенцијата РИА Новости.

„Украина е изгубена откако украинските политичари го напуштија својот словенски идентитет“, рече претседателот на Белорусија во Витебск на отворањето на фестивалот „Словенски базар“.

Слични содржини