161
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека сите земји треба да го соберат нуклеарното оружје „во еден куп и да го уништат во одреден временски период“.
„Јас сум генерално радикален во овој поглед. Верувам дека нуклеарното оружје треба да се собере во еден куп во одреден временски период, а потоа да се уништи“, изјави Лукашенко за ТВ каналот „Русија-1“, пренесува ТАСС.
Лукашенко истакна дека се согласува со она што го кажа францускиот претседател Емануел Макрон за недозволивоста на една земја да поставува нуклеарно оружје на територијата на друга, но дека во тој случај и САД треба да го отстранат тоа оружје од другите земји.