183
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, посочи дека нема да поднесе оставка се додека последниот полицаец од специјалните единици за сузбивање на немирите не го побара од него, пренесува ТАС С.
„Додека последниот полицаец од специјалната единица за контрола на немирите не ми рече да заминам, јас ќе стојам цврсто на ова тло, рамо до рамо со вас затоа што вие и јас немаме ништо друго освен оваа земја“, рече Лукашенко за време на посетата на специјалната полициска единица во Минск.
Претходно истиот ден, специјална белоруска полициска единица за смирување на немирите му додели највисок орден на Лукашенко – црна беретка за „специјална служба“. За возврат, претседателот им додели награди на претставниците на полицијата и армијата.