187
Односите меѓу Минск и Москва ќе продолжат постепено да се прошируваат и продлабочуваат, изјави денеска претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.
Шефот на белоруската држава му го честиташе Денот на Русија на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти прес-службата на белорускиот лидер.
„Денес Руската Федерација цврсто ги брани националните интереси, создава услови за суверен развој, постојано ги зајакнува своите позиции на меѓународната сцена. Убеден сум дека односите меѓу Минск и Москва, запечатени со вековни врски на пријателство и братство, ќе продолжат постојано да се прошируваат и продлабочуваат преку нашите заеднички напори“, наведе белорускиот лидер, пренесува РИА Новости.