Лукашенко помилува 20 лица осудени за екстремизам

од Nikola Popovski
11 прегледи

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко потпиша указ за помилување на 20 лица осудени за злосторства поврзани со екстремизам, соопшти денеска неговиот кабинет.

„Сите тие молеа за помилување и се покајаа за своите постапки“, се вели во соопштението на прес-службата на Лукашенка, која ја пренесе ТАСС.

Според соопштението, меѓу помилуваните има 11 жени, 14 лица со хронични заболувања, од кои десет имаат деца, а една жена е мајка на четири деца.

Најавено е и дека белоруското МВР ќе го следи нивното однесување по ослободувањето.

Лукашенко последен пат помилува повеќе од 30 лица осудени за екстремистички злосторства во ноември оваа година, а претходно помилува уште неколку затвореници.

Лукашенко нагласи дека помилувањата на осудените за учество на протестите во Белорусија во 2020 година биле поттикнати од хуманитарни причини, а не од напорите за подобрување на односите со западните земји.

Слични содржини